ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО НА 4 ДЕКЕМВРИ ЗА ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК : Рибите ќе блеснат, а Девицата се враќа во минатото

Хороскоп за време на затемнувањето на Сонцето на 4 декември 2021 година – дознајте што го очекува вашиот хороскопски знак!

Веќе во првата недела од декември се соочуваме со силната енергија што ја носи затемнувањето на Сонцето, кое ќе се случи на 4 декември во огнениот знак Стрелец. Иако тоа се случува во исто време со младата месечина, можно е да почувствувате како завршува едно поглавје од животот.

Младата Месечина дополнително ќе ја зголеми енергијата на затемнувањето, па ќе мора да нурнете малку подлабоко во вашите емоции, да ја признаете вистината за вашето битие и да иницирате големи промени.

Тој авантуристички дух е зајакнат со фактот што младата месечина и затемнувањето се случуваат во слободоумен, храбар, отворен Стрелец со кој владее Јупитер. Тоа значи дека можете да очекувате промени, потрага по вистината и знаењето, патување и трансформација на системот на вредности.

Еден од главните аспекти што се случува за време на затемнувањето е спојот на Сонцето и Меркур, планетата на комуникацијата и технологијата. Не поттикнува да бидеме полни со самодоверба, да го набљудуваме животот со умот и да воспоставиме моќна комуникација. Можно е да гледаме многу работи низ логика, но под оваа енергија работите можат да бидат и малку збунувачки.

Кога Сонцето и Месечината се усогласат во таков експлозивен знак како Стрелец, можеме да очекуваме ненадејни емоционални промени и потреба за авантура. Иако затемнувањето не е добро за манифестацијата, важно е да се вратите малку наназад и да размислите за работите што сте ги постигнале, како и за грешките од кои сте научиле нешто.

Дознајте што носи затемнувањето на Сонцето и младата месечина на 4 декември 2021 година за вашиот хороскопски знак:

Овен

Со младата месечина и затемнувањето на сонцето што паѓа на вашата деветта куќа на авантурата, ќе сакате да направите чекор напред за да се ослободите од сите ограничувања што сметате дека ве попречиле во работата и во животот.

Бик

Младата Месечина и затемнувањето на Сонцето спаѓаат во вашата осма куќа на емотивните врски. Ќе бидете охрабрени да се залагате за она што ви е важно. Ќе се  посветите на љубовта и ќе добиете поддршка од ѕвездите во вашите најинтимни врски.
Близнаци

Со младата месечина и затемнувањето на Сонцето што паѓаат во вашата седма куќа на партнерството, време е да ги усогласите вашите лични аспирации и околности. Можно е да ве очекува голема промена во врската со близок пријател, деловен партнер – или едноставно промена во вашата визија за врската.

Рак

Сонцето и Месечината се во вашата шеста куќа на здравјето, па затоа е идеално време да направите смели промени во секојдневниот живот и рутина. Ова може да ви донесе повеќе рамнотежа и да ја негувате вашата благосостојба.

Лав

Младата Месечина и затемнувањето на Сонцето спаѓаат во вашата петта куќа на романтиката и самоизразувањето, предизвикувајќи ве да ја искористите вашата креативност. Новите проекти ви носат радост и задоволство.

Девица

Девицата е во вашиот четврти семеен дом. Младата месечина и затемнувањето на Сонцето ве туркаат до темелите и старите емотивни рани. Ќе мора да се соочите со минатото и да го излекувате за полесно да ја прифатите иднината.

Вага

Бидејќи оваа нова Месечина и затемнувањето на Сонцето паѓаат во вашата трета куќа на комуникацијата, можни се предизвици на полето на семејните односи. Може да доживеете и драматично зголемување на апетитот, затоа контролирајте го внесот на храна.

Скорпија

Со младата месечина и затемнувањето на Сонцето што паѓаат во вашата втора куќа на приход, чувството дека не го добивате признанието и наградите што ги заслужувате на работа може да достигне повисоко ниво. Размислувате како да направите промена, но стравот ве кочи.

Стрелец

Со младата месечина и затемнувањето на Сонцето што се случуваат во вашиот знак, ова може да биде интензивна, но охрабрувачка можност да го стесните вашиот фокус на целта. Доколку сте доследни на себе и се посветите исклучиво на вистината, можно е да го постигнете посакуваниот успех.

Јарец

Младата Месечина и затемнувањето на Сонцето паѓаат во вашата дванаесетта куќа на духовноста, охрабрувајќи ве да се приспособите на вашите соништа и интуиција повеќе од вообичаено, бидејќи тие би можеле да бидат моќна алатка за создавање на иднината.

Водолија

Сонцето и Месечината влегуваат во вашата единаесетта куќа за вмрежување. Ќе запознаете нови луѓе, ќе работите со нови колеги. Може да го промените и чувството за поврзаност. Во врската можете да напредувате во вашите долгорочни желби.

Риба

Оваа нова месечина и затемнување на Сонцето се во вашиот десетти дом на кариерата, ќе бидете подготвени да ги постигнете вашите професионални аспирации на храбар и нов начин. Прегрнете ја светлата енергија и ќе заблескате.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...