Добро е да се детоксицира телото неколку пати годишно за да се ослободите од насобраните токсини. Ова помага во процесот на слабеење и отстранување на масните наслаги од критичните делови на телото, а тоа е најчесто стомакот.




Во продолжение ќе ви го откриеме рецептот кој ќе ви помогне во тоа. Како што наближува летото, многумина се во паника бидејќи не се задоволни од својот изглед. Се фрлаат на диета, гладуваат, претеруваат со вежбање.
Знајте дека сето ова може да има контра-ефект. На вашето тело му требаат и јаглени хидрати и протеини и масти за да функционира. Ако целосно се откажете од некоја од овие хранливи материи, може сериозно да го загрозите вашето здравје.




Ако се грижите за слабеење, заборавете на ригорозните диети. Јадете сè, но умерено, занимавајте се со физичка активност, но не надвор од вашите граници. Слушајте го вашето тело!
Клучот за губење на тежината е калорискиот дефицит – што значи дека треба да трошите повеќе енергија отколку што вложувате. Затоа, обрнувајте малку внимание на храната што ја јадете, а пијалоците кои го забрзуваат метаболизмот и го ослободуваат телото од насобраните токсини може да ви помогнат да изгубите тежина.




Покрај тоа, тие го забрзуваат исфрлањето на вишокот вода од телото. Еве рецепт за освежителен пијалок за детоксикација кој исто така помага во намалување на салото на стомакот.
Потребни состојки:




- 2 краставици
- сок од 2 лимони
- помал корен од свеж ѓумбир
- 1 свеж ананас
Начин на подготовка:




Краставицата исечкајте ја на прстени, излупете го ѓумбирот и изрендајте го. Излупете го ананасот и исечкајте го на парчиња. Ставете сè во блендер, додадете сок од лимон. Процедете го напитокот и наместо вода пијте го разладено.
Деталната подготовка на напитокот погледнете ја во видеото подолу:




@thefoodloverng How to lose weight fast#weight#weigthloss#fyp#foodtiktok#nigeriantiktok#learnontiktok#thefoodloverng


