Хороскоп за Венера во Бик од 28 мај до 23 јуни – еве ја прогнозата на астролозите




Сензуалност, хедонизам, тактичност се само дел од квалитетите на Венера во Бик кои ќе не почестат со своите најбогати подароци од 28 мај до 23 јуни.
Во наредниот период имаме можност да ги видиме сите убави работи кои не опкружуваат, но и вредностите кои живеат во нас, а кои често ги земаме здраво за готово.




Ајде да забавиме малку. Да земеме длабок здив. Да се сетиме на сите наши успеси досега. Да се сетиме зошто сме и што не прави посебни затоа што сме, секој од нас. Да бидеме исполнети со овие чувства на гордост во себе.
Ајде да се гушкаме. Прегрнувајќи се себеси, ние привлекуваме и искуства кои не опкружуваат. Да бидеме благодарни за се што имаме.




Да станеме свесни за себе и да ја бараме љубовта што ја заслужуваме. Не се задоволувајте со помалку. Не поднесувајте го она што ве каснува одвнатре.
Уживајте во природата, масажата, допирот на саканата личност. Одете боси, почувствувајте ја меката земја под нозете. Застанете за миг.




Сакајте без страв. Чувствувајте се безбедно. Губите само кога срцето ви е затворено. Изберете што ве прави подобра личност. Сакајте го вашето тело.
Гледајте што ви доаѓа на патот. Искуството верно ви покажува како и колку се цените себеси. Најдете го вашето безбедно место и почнете да создавате нови искуства од него.




Имате можност да ја подобрите финансиската состојба. Како можете да го направите тоа?
И ништо што ви дава чувство на минливо задоволство не може да ве направи среќни, можеби за момент. Затоа изберете што има вредност за вас.




Она што започнува за време на овој транзит, особено по 3 јуни, има солидна основа за траење. И не заборавајте да сакате, искрено и отворено. Без лажни ветувања или преправања.


