Нашата православна црква и нејзините верници денеска го слават Духовденски понеделник




Денот на слегувањето на Светиот Дух се слави три дена, се смета за еден од најголемите празници, а покрај неделата како празник се празнуваат и понеделник и вторник.
Според традицијата, денот на Света Троица е поврзан со откривањето на тајната Божја како Светo Троjство – Отецот, Синот и Светиот Дух.




Деновите на Света Троица се празнуваат на 50-тиот ден по Велигден и на 10-тиот ден по Спасовден. Во текот на оваа недела не се пости ниту еден ден, бидејќи тоа е таканаречена „трапава седмица“.
Народните верувања за овој ден се различни во различни делови на земјата. Најмногу е поврзано со тоа што на овој ден не се работи во куќата, на нивата и во близина на вода.




Едно од народните верувања вели дека оние девојки кои се мијат со вода, во која имало цвеќиња од кои се плетени венци, ќе имаат чисто лице во текот на целата година.
Овој ден е добар и за започнување бизнис. Утре е Духовденски вторник и исто така во црковниот календар е означен како празник.






