Зелениот чај е еден од најефективните пијалоци, кој може да ви помогне да изгубите тежина.




Зелениот чај има значајно дејство во борбата против вишокот килограми, а во таа битка му помагаат нането и портокалите. Нането и портокалот како додаток на зелениот чај го забрзуваат метаболизмот и го прочистуваат целиот организам, па се идеални во борбата против вишокот килограми.
Само една шолја зелен чај, вели д-р Оз, го забрзува метаболизмот, го регулира шеќерот во крвта, го намалува ризикот од срцеви заболувања, разни форми на тумори, а исто така го подига имунитетот и расположението.
Иако некои можеби не го сакаат вкусот на зелениот чај, тој лесно може да се маскира со вкусни адитиви како нане или портокал.




Состојки за подготовка на овој пијалок:
- 1 литар вода
- 5 кесички зелен чај
- 1 портокал
- грст свежо нане
Подготовка:
Во литар зовриена вода ставете пет кесички зелен чај, па оставете ги околу 3 минути, па оставете го чајот да се излади. За тоа време портокалот исечкајте го на кришки, каде доколку користите непрскан портокал, можете да го исечете заедно со кората, а во спротивно излупете го, но задолжително оставете го белиот дел од кората.
Истурете го изладениот чај во бокал со капак или голема тегла, а потоа додадете парчиња портокал и грст свежо нане. Покријте го напитокот и оставете преку ноќ да се соединат состојките.




Доволно е половина литар пијалок по лице во текот на следниот ден. Д-р Оз препорачува една шолја од овој ефикасен напиток пред секој оброк и ветува дека ќе ја добиете битката со килограмите.


