Лукот е исклучително здрав за телото, а може да помогне и при вишокот килограми. Лукот е еден од најсилните природни антибиотици што се користи во народната медицина уште од античко време.




Го зајакнува имунитетот, го намалува крвниот притисок и на тој начин ги штити крвните садови од оштетување. Покрај тоа, лукот помага и при херпес, и се покажа како одлична превентива против разни вируси и бактерии.
Лукот има многу витамини и минерали, како што се витамин Ц и Б6, калциум и манган.
Неговите состојки исто така можат да помогнат доколку имате проблеми со вишокот килограми.
Имено, лукот го стимулира метаболизмот и му помага на телото побрзо да согорува калории во процес наречен термогенеза. Покрај тоа, дури и мирисот на лук може да го реши вашиот „глад“ – ќе предизвика чувство на ситост, како резултат на што ќе јадете помалку храна.




Ако сакате да се обидете да изгубите тежина со помош на лук, важно е да ја намалите исхраната за почеток, и се препорачува да јадете чешне свеж лук пред секој здрав оброк.
Меѓутоа, ако имате чувствителен стомак, гответе го лукот или изедете го откако претходно сте го исекле и оставиле да отстои околу петнаесет минути.


