Велат дека во голема мера начинот на кој се справувате со стресот е условен од вашиот хороскопски знак.




Стресот е причина број еден за најголем број на болести денес. Сè поголем број луѓе не се во состојба да се справат со стресните ситуации кои ги опкружуваат, а тоа јасно се одразува во однос на нивното здравје.
Стресот е причина за многу проблеми во семејството, бидејќи ако човек не знае да се справи со стресот и проблемите на работа, својата негативност и незадоволство ја пренесува на членовите на семејството.




Стресот и хороскопските знаци
За жал, елиминирањето на стресот не е толку едноставно. Има долг пат за да се реши проблемот со ладна глава и тактички. Од друга страна, во голема мера начинот на кој се справувате со стресот е условен од вашиот знак. Еве кои се знаците кои кршат под стрес.
Лав
И покрај напорната работа, се чини дека Лавот ретко успева да ги заврши сите обврски на време. Дали за утре треба да биде подготвена дисертација од 500 страници? Децата треба да се земат од градинка, а ручекот уште не е готов?




Секогаш во трка, секогаш во лет, Лавот е растргнат на сто страни и секогаш му се чини дека животот му е најкомплициран. Во секоја ситуација со која се соочува, на Лавот му треба потврда од луѓето кои му значат, во спротивно тоа го смета за џабе.
Иако Лавот е обожаван во општеството како многу духовита и забавна личност, тој на своите проблеми треба да гледа повеќе како составен дел од животот, а не на нешто што му предизвикува стрес.




Девица
Девицата го набљудува светот преку лупа, гледајќи ги сите најситни детали и недостатоци на одредени луѓе и ситуации. Се труди да биде совршена во секој поглед – граматички, хигиенски, нутриционистички, па повторно и се чини дека ништо на што работи не е доволно добро.
Токму поради тоа, кога работите не одат добро во очите на една Девица, не е доволно да се каже дека таа мисли дека целиот свет околу неа се руши. Шлагот кој не се изматил правилно е апсолутна катастрофа ако ја прашате Девицата.




Она што треба да го разбере е дека оние кои ја сакаат ќе ја ценат нејзината работа и ќе ја обожаваат нејзината торта без шлаг или со слабо замесена варијанта.


