Црквата и верниците денеска го празнуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Теодор Стратилат, светец од IV век, за кој пишувал и владиката Николај Велимировиќ.




Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода и градоначалник на градот Ираклиј во моментот кога решил да го остави сето свое богатство и моќ и да стане христијанин, иако знаел дека тоа ќе го чини живот.
Откако ги соборил многубожечките идоли во својот роден град, го навлекол гневот на царот Ликиниј, кој наредил светителот да биде уапсен и да биде изложен на страшни маки.




После тоа, свети Теодор бил камшикуван, распнат, стрелан со стрели и на крајот убиен. Во христијанското предание се споменува дека за целото време на мачење постојано велел: „Слава Ти Боже мој, слава Ти!“
Мудро борејќи се за вистината, маченику, си бил добар војвода на небесниот цар, свети Теодор. Мудро си се вооружил со оружјето на верата и си ги победил војските на демоните и си се покажал како победоносен маченик: Затоа секогаш те славиме со вера.




Свети Теодор се упокоил во 319 година, не чекајќи да ја види победата на христијанството и прогласувањето на официјалната религија на Римската империја. Неговите мошти биле пренесени од Евхаита во Константинопол и погребани во црквата Влахерна.
И владиката Николај Велимировиќ за овој светител во „Охридскиот пролог“ го напишал следново: „Поскапоцено од скапоценото има мачеништво. Вредноста на мачеништвото зависи од големото богатство што христијанинот го остава, а наместо тоа го прима страдањето; и зависи и од големината на страдањата што ги претрпел заради Христа“.




Бидејќи и самиот бил војник кој ризикувал сè, Светиот великомаченик Теодор Стратилат денес се смета за заштитник на војниците. Се верува дека ќе ги заштити од секаква неволја доколку му се молат и побараат помош.


