ДЕНЕС Е МАГИЧЕН ДЕН- НИЗАТА 2-2-2-2-2-2 НОСИ ФАНТАСТИЧНИ МОЖНОСТИ: Еве како да ја искористите енергијата на шесте двојки

Еве што значи нумерологијата на 22 февруари 2022 година и што ни носи оваа низа од броеви.

Ако ја погледнеме 2022 година нумеролошки, таа се заснова на три двојки. Бројот 2 симболизира хармонија, љубов, интуиција, набљудувања и односи.

Ако ги погледнеме поединечните датуми, само во текот на февруари веќе имавме два магични дена (02.02.2022, 20.02.2022) и сега третиот – 22.02.2022 година.

Обидете се да се сетите на 2 февруари овој месец. И тој ден беше преполн со енергијата на „двојките“. Обидете се да се сетите на сознанијата во вашите врски или партнерства што се појавија тогаш.

Сега можеме да кажеме дека универзумот се удвојува на таа вибрација. Во случајот со 22 февруари имаме дури 6 парови, што според нумеролозите ја отсликува нашата човечка потреба за соработка и блискост.

На овој ден треба да анализирате како комуницирате со вашите најблиски. Бидете искрени, отворете го срцето, покажете ги вашите емоции. Денот е добар за сите активности кои ја зајакнуваат љубовта кон партнерот.

Ако можете да се вклучите во активности кои се продуктивни за вашата врска, енергиите на Венера кои владеат оваа година ќе станат уште поизразени и ќе ви дадат дополнително чувство на надеж и ќе ви отворат нови можности.

Овој ден може да ја покаже нашата длабоко вкоренета желба за рамнотежа и хармонија со другите. Многу е веројатно дека денес ќе имаме поголема емпатија, но и чувствителност.

Можеби ќе треба да направиме одредени промени во врската, да излеземе од рутината во која западнавме. Таа позитивна промена може да биде извинување за нешто што сме го направиле или сме се однесувале, планирање излет, патување…

Сè што ќе ве задоволи вас и вашиот партнер. Ако сте слободни, поминете го денот грижејќи се за себе – правете нешто во што уживате, било да е тоа јога, медитација, пешачење, одете на масажа, третман на лице…

Сакајте се, бидете присутни, уживајте во вашето друштво. Само тогаш ќе бидете подготвени да запознаете некој друг. 22 февруари може да биде одличен ден за првиот состанок. Може да откриете дека денес особено ве привлекува потенцијалниот партнер.

Бројот 22 е поврзан и со изградба на нешто поголемо од нас самите, но под услов да работиме во тим, заедно со другите. Затоа што тогаш можеме многу повеќе. Почнува деловната енергија, добиваме нови идеи и решенија.

Тоа е затоа што бројот 2 не претставува само интимни врски меѓу луѓето, туку и врски на соработка, размена на енергија, заедничка работа, што може да доведе до иновации.

Ако го разложиме датумот 22.2.2022 година, на нумеролошки начин, со собирање и намалување на сè на една цифра, тој би бил бројот 3 (2 + 2 + 2 + 2 + 0 + 2 + 2 = 12; 1 + 2 = 3). Бројот 3 е поврзан со Јупитер и неговата експанзивна енергија.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...