Како да замислите желба на 9 септември – што значи мистериозната нумеролошка низа 9-9!




Секој месец има огледални датуми, односно денови кога владеат низите на броеви. Денеска е 9 септември со низата 9-9 која од нумеролошки аспект означува инспирација и будење на внатрешната сила.
Ова е ден на хармонија во сè, па дури и во обичните работи можеме да видиме инспирација. Нумеролозите истакнуваат дека низата 9-9 укажува на добри промени во животот, светлата страна на животот.




Најважно е да не губите време и труд на празни работи, дајте приоритет на она што ве исполнува и што навистина сакате од животот. Овој ден е поволен за започнување нови работи, поставување желба, правење план.
Бидејќи на овој ден се е во согласност со бројот 9, можете 9 пати да ја напишете вашата желба на хартија и на тој начин да ја манифестирате. Можете да запишете и позитивни афирмации кои ве мотивираат да го постигнете она што го сакате, па прикажете ги на видно место во домот.




Формулирајте ја вашата желба во сегашната форма како потврда. На пример – “Купив нов автомобил”; „Запознав прекрасен човек“; „Имам самодоверба“…
Нумеролозите сметаат дека златната минута на овој ден, односно времето кога треба да си ја замислите желбата е 09:09 часот наутро или 21:09 навечер.




Не пропуштајте ја шансата да посакате желба на 9 септември. Ова е моќен датум кој може да ве поттикне да се борите за вашите соништа. Искористете ја позитивната енергија!


