Нашата православна црква и нејзините верници денеска го слават Свети Атанасиј Велики – летен




Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, е роден во Александрија во 296 година, а веќе во раното детство се свртел кон духовноста. Како ѓакон на архиепископот Александар бил на Првиот вселенски собор во Никеја, каде што се прославил со своето учење.
Придонесол за зацврстување на православието, а особено пишувајќи го Симболот на верата, кој го усвои Соборот. Атанасиј е можеби еден од најклеветените и најпрогонуваните светци.




Го прогонувале императорите Констанциј, Јулијан и Валент, еретикот Ариј и неговите следбеници, епископот Никомидиски Евсевиј и многу други.
Интересно верување
Во некои места кај нас, и до ден-денес преживеа приказна за тоа како ѓаволот го искушувал свети Атанасиј со тоа што се преправил во најубавата девојка која го намамила да се одрече од Бога и да ѝ се придружи во обожавањето на злите.




Свети Атанасиј ја видел оваа измама и ја замолил девојката да му ја покаже ѓаволската моќ скокајќи во мала тегла. Таа го сторила тоа, а монахот веднаш го затворил садот и го фрлил во морето.
Легендата вели дека теглата лебдела со години, додека не ја пронашле рибарите кои ја отвориле. Така повторно излегол ѓаволот и и денес талка по светот искушувајќи ги и расипувајќи ги луѓето.




Поради ова, старите велат дека штом грми, ѓаволот мисли дека свети Атанасиј оди, се исплашува и веднаш скока во садовите. Затоа е важно сите садови денеска да бидат цврсто затворени.
Во некои краишта кај нас Свети Атанасиј го слават мелничарите кои веруваат дека на овој ден ѓаволите демнат во вировите, па ни водениците денеска нема да работат добро.






