Денес се празнува СВЕТА АГАТИЈА: Според преданието, овој ден им носи среќа на жените

Нашата православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Светата маченичка Агатија, позната и како Агатија Сицилијанска. Агатија е христијанска маченичка од III век и поради љубовта кон Христа претрпела страшни маки.

Кој била Света Агатија?
Света Агатија била родена во моќно и богато семејство, од угледни и добри луѓе во сицилијанскиот град Палермо. Легендата вели дека таа била исклучително убава девојка.

Од рана возраст живеела во согласност со христијанските вредности и морални доблести. Нејзиниот живот целосно се променил кога царот Трајан почнал да ги прогонува христијаните.

Агатија била уапсена и изведена на суд пред судијата Квинтиан, кој бил заведен од нејзината убавина. Сакал да се ожени со неа и ја запросил. Таквата понуда можела да и го спаси животот, но Агатија ја одбила понудата велејќи дека е Христова невеста.

Судијата се навредил, ја натерал на тешки маки, ја врзале за дрво и ја претепале до крв. Судијата повторно ја прашал дали сака да се одрече од Христа и на тој начин да избегне страдање.

На тоа Агатија, според легендата, одговорила: „Овие маки ми се многу корисни, како што пченицата не може да дојде до амбарите пред да се исчисти од плевата, така и мојата душа не може да влезе во рајот, ако прво не ми биде телото здробено од маки“.

Света Агата се упокоила, во 251 година. Наскоро џелатот на Агата ја добил заслужената казна. Според легендата, судијата отишол на имотот на родителите на Агатија за да си го присвои.

На тој пат, цело место го газеле коњи кои во еден момент необјасниво збеснале. Светата маченичка Агатија се смета за заштитник на сите оние кои неправедно страдаат поради нивните верувања или вера.

Агатија е особено почитувана кај жените бидејќи се верува дека ќе ги заштити од секоја болест и болка. Се верува дека денес треба да се оди до црквата, да се моли и да се запали свеќа во спомен на оваа светителка и дека тоа ќе донесе мир и среќа.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...