Нашата православна црква и нејзините верници денеска ја слават светата маченичка Аријадна




Аријадна е христијанска светица од 2 век. Таа била заштитничка на угнетените и измачуваните. Според народните преданија, на многу млада возраст станала робинка на еден господар, а како единствена христијанка во околината се соочила со многу неволји.
Откако му се родил син на господарот, тој наредил на идолите да им се принесе голема жртва и ги зедол сите свои робови со себе во нивните храмови. Аријадна одбила да оди, што го налутило нејзиниот господар.




По тешка тортура, таа била пуштена од занданата на улица. Сепак, господарот повторно ја прашал. Кога Аријадна ги видела своите гонители, се молела на Бога да ја заштити.
Се отворила голема карпа пред неа и таа се сокрила во неа. Ова ги збунило гонителите и набрзо избила расправија дали треба или не да се обидат да влезат во карпата. Избила тепачка и бркачите се убиле.




После тоа се појавило верувањето дека Аријадна сè уште се моли на Бога за сите понижени и немоќни да ги заштити од нивните непријатели. Затоа денес треба да се молиме за здравјето и благодатта на оваа светителка.


