Денешниот празник е посветен на жените и нивните деца, пред се ќерките. Се верува дека девојките денес треба да бидат среќни со подарок, без разлика колку е скромен.




Воздржете се од зли мисли
Православната црква денеска ги слави Светите маченици Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија, кои биле христијански светци и маченици од 2 век. Тие ги претставуваат вистинските и трајни доблести на кои се потпира целото христијанство.
Девојките Љубов, Вера и Надеж се симбол на христијанството
Имињата на девојчињата – Љубов, Вера и Надеж – станаа симбол на животот на секој христијанин. Нашиот народ верува дека на овој ден треба особено да се воздржите од зли мисли и дела и да се посветите на љубовта кон ближниот и кон Бога.




Софија е мудрост
Софија (грчки збор за мудрост) била вдовица и ги одгледала своите ќерки во Рим, Вера имала 12 години, Надеж имала 10, а Љубов имала 9 години.
Кога започнале апсењата на христијаните во времето на царот Адријан, Софија и нејзините ќерки биле фатени и изведени пред царот.




Откако одбиле да се откажат од својата вера и да принесат жртви на божицата Артемида, Адријан наредил мачење на ќерките на Софија, иако тие биле само девојчиња. Така загинале сите.
Мајката ги зела нивните тела и ги закопала надвор од градот. По три дена и три ноќи молитва на нивниот гроб, таа самата починала во 137 година.




Покажете им љубов на вашите ќерки
Подарокот исто така може да биде суштински, нематеријален – барем денес, посветете им целосно внимание и покажете колку ги сакате.


