Нашата православна црква денеска го слави Свети Партениј. Свети Партениј бил син на ѓакон од градот Мелитопол. Како дете живеел според зборовите на Евангелието.




Се населил во близина на едно езеро каде што ловел риба, продавал и делел на сиромашните, а по Божја пресуда бил избран за епископ Лампсакијски.
Партениј го исчистил градот од паганството, изградил многу цркви, исцелувал со молитва и бил особено моќен над злите духови.




„Ќе ти дадам друг човек, во кој можеш да влезеш и да живееш во него“, му рекол Партениј. Тогаш злиот дух прашал: „Кој е овој човек?
„Јас сум тој човек“, одговорил светецот, „влези и всели се во мене!
Слушајќи го ова, лошиот дух побегна како од оган, извикувајќи: „Како можев да влезам во Божјиот дом?!“




Партениј во своите дела ја покажал својата голема љубов кон Бога и луѓето. Се преселил во вечниот Христов мир во IV век.


