Ова се обичаите и народните верувања на празникот Чесни Вериги на Свети Апостол Петар кој се празнува на 29 јануари!




Православните верници кај нас на 29 јануари го слават празникот Чесни Вериги на светиот апостол Петар. Царот Ирод го оковал Петар, а неговите синџири се чувале со години.
Се верува дека овие синџири денес се чуваат во црквата Свети Петар во Рим. Исто така се верува дека имаат голема исцелителна моќ, а верниците ги сметаат за чудотворни.




Според легендата, Ирод го фрлил Павле во затвор и му наредил да стои врзан со синџири меѓу двајца војници и да го чека судењето. Меѓутоа, ноќта пред да биде изведен на суд, се вели во приказната, се појавил ангел и тие окови сами паднале од светецот.
Многу обичаи кои носат мир, хармонија и среќа се поврзани со овој празник уште од античко време. На овој ден се избегнуваат потешките работни обврски, не се шијат одела, а се верува дека нè очекува поблаго и потопло време од Чесните Вериги.




На прагот на овој празник некогаш биле ставани синџири, верувајќи дека на тој начин симболично се штити домот од негативна енергија. Според народното верување, на овој празник не треба да се патува, туку семејството треба да биде дома за да се зачува.
Се верува дека на празникот на Чесните Вериги, ѕверовите во шумата не ги напаѓаат луѓето затоа што вилиците им се врзани со синџири. Од друга страна, се верува дека на овој ден не е добро да се купува или шие ново одело, а тој што ќе го направи тоа ќе го удри гром.




Во црковниот календар не е означен со црвено празникот Чесни Вериги. Вообичаено е на овој ден да се исчисти куќата и да се вршат домашниte работи. Ако куќата денес блеска, привлекува среќа и радост.
Меѓутоа, покрај сите обичаи, најважни работи на празникот се молитвата, љубовта и празнувањето и слогата со семејството.






