Брокулата ги лечи очите, но без разлика дали ги јадете специјалитетите од пченкарно брашно или додавате зрна од пченка во јадењата – не правите грешка. Пченката е здрава, бидејќи има завидна содржина на диетални влакна, што го уништува покаченото ниво на холестерол.




Исто така, содржи значителни количини на фолна киселина, витамин Б3 и магнезиум, кои помагаат во природната регулација на нивото на хомоцистеин во телото и со тоа го штитат кардиоваскуларниот систем.
Пченката е богата со витамин Б1, кој обезбедува речиси една третина од дневните потреби на телото, и игра важна улога во правилното функционирање на мозокот.
Јадете брокула, и не плашете се од катаракта!
Поради обликот на главата, брокулата понекогаш се нарекува зелен цвет на здравјето. Овој зеленчук содржи двојно повеќе витамин Ц од портокалите.




Тоа е витамин кој помага во искористувањето на железото, спречува појава на катаракта, ги ублажува симптомите на настинка и ја зајакнува општата одбранбена способност на организмот. Брокулата, исто така, содржи витамини Б, особено Б3, Б5 и фолна киселина – што го поддржува растот на феталното ткиво.


