Сусамот е здрав, но не треба да го јадете секој ден, советуваат нутриционистите.




Доколку имате проблеми со висок холестерол, се препорачува да јадете риба, јаткасти плодови, грав и зеленчук како модар патлиџан, цвекло, сладок компир.
Покрај тоа, можете да го вклучите сусамот во вашата исхрана бидејќи содржи фитостероли кои имаат многу слична хемиска структура со холестеролот.




Семето од сусам е одличен извор на железо, магнезиум, цинк, бакар, фосфор и растителни влакна и содржи седум пати повеќе калциум од млекото. Се верува дека редовното консумирање семе од сусам може да го намали нивото на холестерол.
Но, нутриционистите советуваат дека не е препорачливо да ги јадете овие семки секој ден, бидејќи во неговите семки има материи кои можат да влијаат на згрутчувањето на крвта.




Но, ако се користи една лажица сусам еднаш неделно, организмот ќе се збогати со антиоксиданси и фитоестрогени, а метаболизмот како и холестеролот ќе се нормализира.


