Сармата е незаменлив дел од нашата традиционална кујна. Овој прекрасен рецепт ќе ви докаже дека сармата е секогаш вистинскиот рецепт за секоја голема и свечена пригода.




Потребно е:
- листови од кисела зелка
- 150 гр леќата
- 100 гр ориз
- 1 мал целер
- 1 морков
- 1 мал компир
- бибер по желба
- сол
- 1 чешне лук
- 1 кромид
- една врска магданос
- 2 лажици ајвар
- маслиново масло
- ловоров лист




Подготовка:
На масло пропржете ситно сечкан кромид, па додадете рендан морков и пропржете. Потоа додадете сецкан корен од целер и лук. Кога сè е малку сварено, додадете црвено мелено и мелени лути пиперки по желба.
Додадете измиен ориз и леќа, ајвар, магданос и сол. По желба додадете сув зачин. Измешајте сè. Измијте ги листовите зелка доколку се преварени и отстранете го тврдиот дел од листовите. Додадете полна лажица од смесата и завиткајте ја сармата.




Наредете исправено, искривениот дел оди до работ на садот. Наредете во круг онолку долго колку што ви одговара. Исечете ја средината на зелката и ставете ја на средината на садот.
Врз сармата додадете малку толчена сол и околу 50 мл маслиново масло. Ставете ловоров лист и истурете вода да облие. Гответе на тивок оган околу 2 часа.










