Негувајте ги вашите пеларгонии и помогнете им да блеснат во полн сјај




Пеларгониите се едно од најпопуларните видови цвеќиња на нашите простори. Тие должат толку голема популарност на лесното одржување и евтината цена, а пред сè на прекрасната убавина на цветот на пеларгонијата.
Речиси и да нема куќа што ги нема на својата тераса. Саксиите со пеларгонии се најубавиот украс на секоја градина или балкон во текот на летото, а дали знаевте дека можат да цветаат до доцна есен? Еве како да го направите тоа.




Ако растението нема доволно јод, ќе се развива бавно и ќе биде поподложно на болести. Исто така, јодот во растенијата го регулира протокот на вода и размената на кислород и ги прави поотпорни.
Со цветните растенија го продолжува времето на цветање, но можете да го користите и со други растенија, како и за полевање зеленчук во градината.




Исто така, од пролет до есен, добро е пеларгонијата два пати месечно да се полева со вода во која има додаток за растенијата на база на фосфор, а тоа е добро за поттикнување на цветањето.
Многу е лесно да се обезбеди пеларгонија со доволно јод – ставете капка фармацевтски јод во литар вода, а потоа истурете 50 ml од таа вода со јод по внатрешните рабови на секоја саксија.




Внимавајте да не претерате бидејќи може да го оштетите коренот и внимавајте да не го користите со растителни производи кои веќе содржат јод бидејќи дозата ќе биде превисока.


