Златните правила на принцезата Дијана што секој родител треба да ги знае

1. Бидете до вашите деца. Не го избирајте лесениот начин. Принцезата Дијана ја сфаќала својата улога на мајка многу сериозно. Иако етикетата не го препорачува, таа сама ги избрала имињата на своите синови и ги доела постојано.

2. Бидете благодарни. Принцезата Дијана често зборувала за тоа колку благословено се чувствувала заради своето семејство. Особено кога запознавала толку многу луѓе кои не ја делеле нејзината среќа.

3. Поминете што е можно повеќе време со децата. Иако Лејди Ди не одеше на државна работа, нејзиниот распоред беше полн со кралски обврски. Сепак, таа успевала да го синхронизира своето слободно време со слободното време на принцот Хари и принцот Вилијам за да бидат заедно. Луѓе блиски до принцезата велеле дека обврските на нејзините синови секогаш биле вметнати во нејзиниот организатор, за да може да го искористи секој дел од слободното време што го имала за да биде со нив.

4. Прегратките никогаш не се доволни.Токму топлата мајчина прегратка е најмилиот спомен што принцот Хари го памети од своето детство: “Таа само те гушкаше, те држеше цврсто, а јас бев толку мал што не можев да избегам. Дури и сега, кога зборувам за тоа, како да го чувствувам нејзиниот допир. Многу ми недостига. Надвор од центарот на вниманието, таа беше толку грижољубива, грижлива и многу, многу забавна”.

5. Забавувајте се. Не се сфаќајте себеси премногу сериозно. Годината била 1990. Принцезата Дијана игралa во песок со своите синови и нивните пријатели. Па, само затоа што е кралска личност не значи дека не можела да се забавува, нели? Принцот Вилијам се сеќава: „Таа сфати дека вистинскиот живот е надвор од ѕидовите на палатата“.

6. Обезбедете им разновидни и возбудливи искуства. Скијачки одмор, воден парк, сладолед за десерт – сон на секое дете! И не мора да бидете членови на кралско семејство или милионери за да поминете забавно семејно попладне во паркот, нели?

7. Обрнете посебно внимание на развојот на емоционалната интелигенција на децата. „Сакам моите момчиња да ги разберат туѓите чувства, стравови, надежи и соништа“, раскажувала принцезата Дијана во интервју. Таа не само што разговарала со децата за нивните привилегии, туку и ги носела во болници и сиропиталишта за да ги запознае со други, обични луѓе. Вилијам го коментирал ова искуство на следниов начин: “Беше многу отрезнувачки за мене. Мило ми е што таа го направи тоа. Ова искуство ќе ми остане во умот долго време”.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...