Белите јајца полесно се украсуваат и бојадисуваат од жолтите, па ако не сте се снабдиле со доволно бели јајца, не е доцна …




Процесот на избелување на јајцата е едноставен, а не ви требаат многу ресурси, веќе имате се во кујната. За само неколку чекори ќе добиете бели лушпи кои можете да ги декорирате според вашите желби.
Ќе ви биде потребно:
- вода
- оцет
- јајца




Начин на подготовка:
Во тенџере ставете ги јајцата и додадете вода и оцет во сооднос еден спрема еден. Додадете чаша оцет, а потоа чаша вода додека јајцата целосно не се покријат со течност.
Следниот чекор е да ги варите на овој начин. За време на варењето ќе се формира пена која треба да ја отстраните со лажица. Кога водата ќе зоврие, варете ги јајцата уште десет минути.




Откако ќе ги сварите, полијте ги со ладна вода и оставете ги да отстојат неколку минути. Овој процес може да ја разреди лушпата, па затоа треба да бидете повнимателни при украсувањето.


