Брзо и лесно исчистете ја рерната без многу мачно стругање и чистење.




Оние кои сакаат да готват и да подготвуваат слатки или солени деликатеси, секогаш мразат да ги чистат и мијат садовите потоа, бидејќи тоа отсекогаш била најдосадната работа.
Посебно е тешко да се исчисти рерната затоа што треба многу да се струга и да се чисти, доколку рерната не се чисти после секоја употреба. Никогаш не сте сигурни дали добро сте ја исчистиле и колку време ќе изгубите на тоа.




Со лесен трик можете да ја исчистите рерната без многу стругање и напорно чистење. Ќе бидете воодушевени од резултатите.
Сè што треба да направите е да ја испрскате рерната со детергентот што веќе го користите за чистење на рерната и потоа убаво да ја стуткате со најлонски кесички. Затворете ја вратата од рерната и оставете ја преку ноќ.




Наутро кога ќе станете фрлете ги кесите и избришете ја со трулекс крпа. Ако сакате, можете да поминете прво малку со сунѓерче пред да ја избришете со крпа.
А дополнителен трик е доколку почувствувате многу хемикалии по чистењето, истурете литар вода во тенџере, ставете еден лимон и вклучете ја рерната на најсилно. Кога водата ќе зоврие, извадете го тенџерето и оставете ја рерната да се излади.






