Афирмациите имаат моќ да не инспирираат, мотивираат да бидеме уште подобри, да веруваме во себе, да истраеме на нашиот пат…




Еве неколку реченици кои треба да ги кажувате секое утро, за подобар почеток на денот! Секој ден е различен и со себе носи свои предизвици. Некогаш сме расположени, некогаш не, некогаш одморени, некогаш не спиеме, нè фаќаат проблеми и грижи и сето тоа заедно влијае на нашата мотивација.
За да го направите вашиот ден убав, исполнет, продуктивен и инспиративен, повторувајте ги овие афирмации секое утро! Ќе видите како вашиот свет се менува на подобро!




1. Ја ослободувам сета негативност што се насобрала во моето тело и ум.
2. Не се срамам од моето патување, бидејќи сум таму каде што треба да бидам.
3. Јас сум одговорен за се што ми се случува.
4. Ова ќе биде одлична недела!




5. Секој ден ја следам мојата цел.
6. Верувам во добро!
7. Го сакам мојот одраз во огледалото. Моето тело е совршено и го сакам како што е.
8. Ја преземам одговорноста за сите мои грешки. И си ги простувам.




Секој ден е нова можност да направите нешто ново, убаво и различно. Да бидете помалку оптоварени, да бидете помалку самокритични и позадоволни од себе, со својата работа, знаење, работа, живот, да бидете оптимист и некој кој верува во подобро утре!






