Како да ја поттикнете красулата да процвета – се верува дека со цветот доаѓа и поголем прилив на пари!




Според фенг шуи, красулата или дрвото на пари е растение кое се смета за симбол на богатство и финансиски успех. Неговите месести листови наликуваат на монети и се многу украсни, но ретко кој има можност красулата да му процвета во својот дом.
Кога ќе се појави цвет на дрвото за пари, се верува дека носи богатство и дека може да очекувате значително зголемување на приходите. Како тогаш да ја поттикнете красулата да процвета – тајната е во стар трик!




Цветањето обично се јавува најрано од 5 до 10 години од животот на растението, а еве кои услови треба да се исполнат за да се појави цветот:
Треба да се полева со вода умерено еднаш на секои две недели. Премногу вода може да предизвика гниење на корените на растението. Важно е дрвото на парите да стои на светло место и колку подолго ужива во дневната светлина, толку дрвото ќе има поголеми шанси да цвета.




Нахранете го растението – Можете да го користите истото ѓубриво како и за кактусот или да направите природно ѓубриво од храна. Напролет, кога ќе помине студеното време, извадете го дрвото на парите на свеж воздух или почесто проветрувајте го станот.
Како што расте цветот, повремено пресадете го во нов сад кој не треба да биде премногу длабок. Со големо количество земја, коренот на дрвото на парите се протега надолу, а самото растение се протега нагоре, што го прави тенко и слабо.
Ослободете се од лошите и стари лисја на време.




Покрај негувањето, важно е да се грижите и за енергетското влијание на дрвото на парите – применете ги следниве совети:
Разговарајте со растението, пејте му и изговарајте пред него афирмации кои служат за привлекување на богатство. Се верува дека прашината го попречува протокот на пари, па затоа редовно бришете ги листовите.




Ставете красула во југоисточниот дел од куќата кој што во фенг шуи се нарекува „агол на богатство“. Се верува дека таа најпрво ќе даде свој енергетски придонес во овој дел од домот.


