КАКО ДА ИМ ГО ВРАТЕТЕ СТАРИОТ СЈАЈ: Со 3 едноставни трикови приборот за јадење ќе Ви биде како нов

Еве како да го исчистите приборот за јадење на сосема природен и безбеден начин.

На приборот за јадење, особено на празничниот, често знаат да наталожат дамки и нечистотии, без разлика колку темелно и добро го миеме после секоја употреба. Посебно упорни дамки од бигор кои не можат да се отстранат со редовно миење, па затоа е неопходно одвреме-навреме да се врши темелно чистење.

Постојат три едноставни трикови како на здрав и безбеден начин да го вратите сјајот на приборот за јадење, за да изгледа како штотуку да сте го донеле од продавница.

1. Оцет
Еден од наједноставните начини е комбинирање на оцет и вода. Наполнете сад со топла вода и оцет, а потоа ставете прибор за јадење во него. На литар вода прелијте два децилитри оцет.

Оставете го да отстои половина час, а потоа со сунѓер истријте го приборот за јадење и избришете го со памучна крпа. Приборот за јадење повторно ќе го добие стариот сјај.

2. Сода бикарбона
Таа е позната како вистински сојузник во чистењето. Ако сакате вашиот прибор за јадење да блесне, сода бикарбона може да биде голема помош. Во големо тенџере загрејте литар до два вода, додадете 50 гр сода бикарбона и потопете го приборот за јадење.

Можете да користите и ладна вода со сода бикарбона, но потоа оставете го приборот за јадење во неа неколку часа. Користете стара четка за заби за да ги отстраните нечистотиите од помалку достапните делови.

Црните дамки на приборот за јадење можете да ги втриете и со комбинација од сок од лимон и малку сода бикарбона. Потоа измијте ги со чиста вода и полирајте ги со сува крпа.

3. Морска сол
Грубата морска сол е добра за сјаен прибор за јадење, ги отстранува сите нечистотии и дамки. Ставете го во морска сол и натопете го во вода колку да го покрие приборот, па оставете го да преноќи.

Наутро исплакнете со млака вода, а резултатот ќе ве изненади. Ова можете да го примените и на сребрен накит без страв дека ќе го оштетите.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...