Сега можете да ги подготвите јајцата без да ги варите во вода, само треба да ги ставите во рерна.




Варените јајца често се служат за појадок, бидејќи се хранливи, а за да ги направите не ви требаат посебни кулинарски вештини. Најчесто се ставаат во зовриена вода, ако ги сакате ровки или во ладна вода да се варат рамномерно, ако сакате тврдо варени и за кратко време се готови.
Од варени јајца можете да направите и разни салати, како на пример руски, но можете и да ги наполните. Одлични се за предјадење и ќе ја разубават секоја празнична трпеза.




Едноставен трик ќе ви помогне да направите јајца кои изгледаат како да се варени, а всушност се печени, без да ја вклучите ринглата. Се што ви треба е рерна и калап за мафини.
Се што треба да направите е да ги наредите јајцата во калап за мафини и потоа да ги ставите во загреана рерна, па да ги печете на 250 ° C околу половина час. Како резултат на тоа, ќе добиете јајца кои се рамномерно испечени, а мирисот ќе биде помалку непријатен.






