Афирмации против анксиозност и стрес – помагаат да најдете внатрешен мир во моментот!




Личноста која се соочува со анксиозност знае колку оваа состојба може негативно да влијае на квалитетот на животот. Чувството на вознемиреност може да го заземе целиот ваш живот, спречувајќи ве да напредувате, да се надевате и да растете.
Анксиозноста е страв од иднината. Секој од нас одвреме-навреме се соочува со оваа состојба, но проблемот е кога таа ќе почне да ни го нарушува секојдневието.




Негативните мисли го зголемуваат стравот и таложењето на негативните емоции, а потоа бидејќи нашето тело не знае да се одбрани доаѓа до напади на паника. За да се ослободите од негативните мисли и анксиозноста, можете да примените позитивни афирмации.
Афирмациите треба да се користат за време на анксиозност или напади на паника, но тие се најефективни ако ги практикувате редовно, како на пример рано наутро или навечер пред спиење. Ова ќе ви помогне да го подготвите вашето тело и ум полесно да се справуваат со анксиозноста.




Кога кажувате афирмација, обидете се да ја почувствувате, фокусирајте се на реченицата, дишете свесно и испуштете се што е негативно. Еве неколку афирмации кои помагаат при анксиозност:
1. Мојата анксиозност не ме поседува – тоа е само емоција.
2. Можам да ги надминам сите тешкотии што ми се појавуваат.




3. Моето тело ослободува напнатост и јас се опуштам.
4. Сега сум ослободен од сите сомнежи и стравови.
5. Ги чувствувам нозете на подот, присутен сум во сегашниот момент.
6. Моите очи гледаат што се случува околу мене и јас сум присутен во сегашниот момент.
7. Имам стабилно чукање на срцето.




8. Рамената ми се опуштени.
9. Не ми е стисната вилицата.
10. Воздухот влегува и излегува од моите бели дробови.
11. Моето тело е меко, мојот ум е мек, мојата душа е мека.
12. Секоја минута се чувствувам поудобно.




13. Благодарна сум за секој момент од мојот живот.
14. Го прифаќам моето минато. Јас живеам во сегашноста. Подготвен сум за мојата иднина.
15. Денес се сакам себеси повеќе од вчера.
16. Ослободен сум од стравот дека ќе бидам сам.
17. Благодарна сум за секој момент од мојот живот.




18. Не дозволувам анксиозноста или паниката да ме ограничат и да ми ја одземат среќата.
19. Можам да се фокусирам на добрите работи што ми се случуваат во животот.
20. Она што сега е важно е мојот живот, без разлика на околностите.


