Колачот со јаболка е омиленото задоволство на многумина. Од бабината кујна пристигнува торта за сечиј вкус.




Потребно е:
- 3 јајца
- 100 гр шеќер
- 50 мл јогурт
- 150 гр гриз
- 2 лажици брашно
- 50 гр мелени ореви
- 1 лажичка цимет
- 1/2 прашок за пециво
- 100 гр суво грозје потопено во рум
- 2 помали рендани јаболка
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, се додаваат сите наведени состојки и убаво се меша. Намачкајте плех од 22 см, обложете го со хартија за печење и истурете го тестото.
Се пече на 200 степени околу 45 минути убаво да се испече и течноста да испари. Штом колачот убаво се зарумени, готов е.




Посипете го со шеќер или прелијте го со чоколадо. Одличен е ..


