Еве како сами да направите органско ѓубриво од коприви за поубави, побујни и еластични цвеќиња и зеленчук во вашата градина.




Покрај тоа што е добра за човечка исхрана бидејќи е богата со железо, копривата е добра и за растенијата бидејќи содржи азот, важен минерал кој е неопходен за раст, плодност и изобилство.
Од копривата може да се направи еколошко, органско ѓубриво за наводнување на цвеќиња и зеленчук, кое не само што не штети на околината, туку е исто толку ефикасно како вештачкото ѓубриво. Еве како се прави:




Соберете еден килограм свежа коприва и потопете во кофа со околу 10 литри вода. Не го полнете до горе, оставете малку слободен простор бидејќи течноста ќе се пени поради процесот на ферментација.
Покријте со мрежа или газа и оставете на сонце неколку дена со повремено мешање. Кога ќе заврши процесот, ќе знаете по тоа дека течноста добила темна боја и непријатен мирис.




Кога ѓубривото е готово, нанесете ја течноста, а пред употреба задолжително разредете го со вода, приближно 1:10. Со наводнување со овој природен препарат, растенијата стануваат посилни, побујни и поотпорни на болести и штетници.


