Претпоставуваме дека при миење садови со детергент го чистите и сунѓерот со кој ги миете садовите, но на него и во него остануваат многу бактерии и остатоци од храна кои не ги ни гледаме и кои можат да ни го загрозат здравјето.




Затоа е препорачливо овие сунѓери да ги менувате на секои две недели, без разлика дали сепак ви изгледаат како нови. Сепак, постои начин да му се „продолжи животот“ на кујнскиот сунѓер за уште толку.
Според една неодамнешна студија, 99 отсто од бактериите ќе се отстранат од сунѓерчето ако го ставите во микробранова печка на највисока температура 90 секунди.




Ова важи за сите сунѓери кои не содржат метал, бидејќи не смеете да ги ставате во микробранова печка. Во споменатото истражување наведуваат дека на овој начин се убива дури и упорната ешерихија коли.
Постапката е едноставна – намокрете го сунѓерчето, ставете го во микробранова печка, вклучете го на максимална моќност и оставете го 90 секунди.




Други извори, пак, велат дека сунѓерот можете да го измиете во машина за садови, по што треба добро да го исушите пред следната употреба.
Доколку не сакате да ги испробате овие трикови, имајте на ум дека е важно сунѓерот да се мие со млака вода после секое миење садови и да се остави да се исуши, бидејќи доколку остане во влажен мијалник или вода, бактериите во него побрзо ќе се размножуваат…






