Природен лек од Тибет за чистење на организмот – се користи за намалување на крвниот притисок, силно позитивно делува на целото тело!




Секогаш е одлично да се има природна аптека од лековити растенија дома, а сега ви пренесуваме познат рецепт од Тибет кој е прилагоден на нашите услови.
Оваа „тибетска мешавина“ се користи за чистење на телото, но помага и за намалување на ризикот од хипертензија (висок крвен притисок), го промовира здравјето на срцето и е имунолошка заштита за целото тело.




Многу лесно се прави, а еве што ви е потребно:
- 100 гр суви цветови од камилица
- 100 гр кантарион
- 100 гр свеж смил
- 100 гр пупки од бреза
Начин на подготовка:




Кога ќе ги измешате сите билки, исечкајте ги и чувајте ги во тегла, а потоа варете го чајот два пати на ден – пред спиење и наутро 20 минути пред јадење. Една лажица од добиената смеса прелијте ја со 1/2 литар врела вода.
Оставете да отстои неколку минути, па процедете. Напитокот можете да го засладите со една кафена лажичка мед.




Важно е да ги берете растенијата што ги користите во вистинско време, т.е. кантарионот и камилицата на почетокот на цветањето, пупките од бреза во периодот на пупење и смилот за време на цветањето.
Забелешка: Консултирајте се со вашиот лекар пред да користите природни лекови.






