Важно е да ја консумирате оваа магична супа за слабеење за време на викендите, кога сте сигурно дома. Супата која е вистинско диететско чудо се прави брзо и лесно.




Се што ви треба е праз и вода. Тој, како и чаевите за детоксикација, треба да се пие за време на викендите, кога сте дома, бидејќи празот освен што е полн со хранливи материи, има и благо диуретично дејство.
Најдобро од сè е, не само што се подготвува брзо и лесно, туку потребни се само две состојки.




Состојки за едно лице:
- 1 кило праз
- Вода
Подготовка:




Добро исчистете го празот. Исечете ги зелените краеви – за супата се користи само белиот дел од празот, а останатиот зеленчук може да се користи за други намени.
Празот крупно исечкајте го, ставете го во поголемо тенџере и прелијте го со водата. Почекајте да зоврие, па поместете го капакот и варете половина час. Истурете во шишиња.




Во зависност од вкусот, можете да го пиете разладено или на собна температура. Консумирајте по една шолја на секои два часа.
Готвениот пораз може да биде и идеален детоксикациски оброк: зачинете го со малку маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер и малку магдонос.






