Ако сакате подлучени пиперки, оваа салата ќе ја обожавате.




Започнува сезоната на печени пиперки и веруваме дека многу луѓе едвај чекаат специјалитети направени од овој зеленчук како ајвар, пинџур, пиперки од тегла, подлучени пиперки…
Денеска ви предлагаме рецепт за салата од пиперки што се подготвува побрзо отколку кога вообичаено подготвувате зимница. Со додавање на модар патлиџан, вашата салата од подлучени пиперки ќе има сосема нов вкус, можеби и подобар.




Состојки:
- 3 модри патлиџани
- 500 гр пиперки бабури
- 3 чешниња лук
- масло
Маринада:
- 4 лажици масло
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
- 2 лажици оцет
- 3 чешниња лук
- бибер по вкус




Подготовка:
Исечете го модриот патлиџан на парчиња и ставете го во сад. Додадете масло и измешајте. Пиперките премачкајте ги со масло. Сето тоа се става во плех обложен со хартија за печење, модриот патлиџан се пече 15-20 минути, пиперките 25-30 минути на 200 °C.
Ставете ги пиперките во кеса и оставете ги 10 минути. Ова ќе го олесни отстранувањето на лупката кога ќе дојде време. За маринадата измешајте масло, шеќер, сол, оцет и бибер.




Во маринадата додадете го сокот од печените пиперки, откако ќе ги излупите и исцедите. Исечете го лукот на тенки парчиња. Во сад ставете ги модриот патлиџан, лукот и пиперките.
Истурете ја маринадата. Покријте и ставете го во фрижидер најмалку 2 часа, повремено мешајќи. Послужете со месо или риба. Во видеото подолу е објаснет целиот начин на подготовка.






