Вака молете се за вашите деца.




Мајчина молитва од манастир
Оче свети, бесмртен, од кого излегува сета добрина и благост, скрушено ти се молам за децата што ми ги даде да ги родам.
Чувај ги во својата милост и светост, за да се прослави твоето име во нив. Води ме со твојата благодат како да ги воспитам за да го слават твоето свето име, а во корист на другите луѓе.




Дај ми го потребното трпение и сила за тоа. Господи, просветли ги умовите на моите деца со твојата мудрост, да ги научиш да те сакаат со својата душа и мисли.
Во нивните срца всади го нивниот страв и одбивност кон секој порок, за да одат по вистинскиот пат без грев. Украси ги нивните души со чистота, добрина, смирение, трудољубивост, трпение и секоја добродетел.




О, добар Господи, ти се молам, награди ме со радост и среќа од моите деца. Сочувај ме во целомудрие и праведност, за со моите деца да застанам пред тебе во денот на твојот страшен суд, и без страв да кажам:
„Еве ме, Господи, со децата што ми ги даде, со нив да го прославувам твоето пресвето име на Отецот, Синот и Светиот Дух, додека трае овој свет.




АМИН


