Неизмерна главоболка, мигрена која трае со денови, може да биде само знак дека имате поголем и поопасен по животот проблем.




Лекарите предупредуваат дека луѓето кои страдаат од мигрена имаат поголем ризик да формираат згрутчување на крвта во нозете, иако причината за овој феномен досега не е јасно утврдена.
Имено, научниците ги истражуваа можните ризици од развој на венска тромбоемболија кај луѓето кои страдаат од мигрена, како и поврзаноста помеѓу мигрената и атеросклерозата.
Резултатите од истражувањето, објавени во американското списание Невролог, ги побиваат претходните тврдења дека луѓето кои страдаат од мигрена се повеќе склони кон развој на атеросклероза и со тоа повеќе изложени на кардиоваскуларни заболувања.




Истражувачи на примерок од 574 луѓе од Италија на возраст над 55 години, професорот Кицел од Универзитетот во Инсбург и неговиот тим ја процениле состојбата на вените на луѓето со мигрена со ултразвучна техника.
Од 111 лице кои страдаат од мигрена, 19 проценти имале згрутчување. Само осум проценти од оние кои не страдаат од мигрена имале згрутчување.
Згрутчување во нозете, или венска тромбоза, може да предизвика болка и оток во нозете, и може да биде фатално ако згрутчувањето се откине и патува до белите дробови низ крвотокот.




Научниците тврдат дека се уште не е познато зошто луѓето кои страдаат од мигрена се склони кон згрутчување на крвта.


