Ова е фенг шуи растение за кое многумина не знаат дека ја привлекува енергијата на парите – еве како да ја активирате!




Замија се смета за растение на богатството во фенг шуи, бидејќи се верува дека носи пари во куќата и енергија на просперитет. Според тврдењата на фенг шуи, помага да се решат проблемите, но постојат одредени правила како да се активираат неговите „магични“ својства.
Се верува дека замијата не треба сами да ја купувате, туку треба да ја добиете на подарок. Тоа е идеален подарок за вселување во нов дом, бидејќи се смета дека и посакувате среќа и напредок на личноста на која и ја подарувате замијата.




Ова растение се нарекува и „долар дрво“ или цвет на женската среќа. Важно е растението да се одржува и негува, бидејќи кога ќе почне да вене или да се суши, се смета дека тоа негативно ќе влијае на состојбата во вашиот паричник.
За среќа, замијата не бара многу грижа, па најмногу е успешна доколку редовно ја полевате и храните. Според фенг шуи, треба да разговарате со растението за да ги активирате неговите магични својства, а тоа исто така може да ви помогне да се опуштите и да се соедините со природата.




Можете исто така да медитирате до него, да визуелизирате што сакате да привлечете и да изговарате афирмации. Има и уште еден ритуал со замијата кој е магнет за пари.
Ставете неколку монети/кованици во саксијата за да ги „множите“ парите под енергијата на замијата. Ако сте го добиле растението на подарок, паричката треба да ја стави тој што ви ја дал.






