Мојата пријателка ми кажа за еден сјаен трик што го слушнала за одгледувањето на цвеќиња.




Деновиве ја посетив мојата најдобра пријателка. Пристигна есента, еве и зимата е на прагот па „се прикрадовме“ во куќата. На нејзиниот прозорец, има милион цвеќиња во саксии. Цветаат и оние цвеќиња за кои не ни помислив дека имаат цвет.
Ја прашав за трикот, а таа вели: Еве што е! Градинарите секогаш ги хранат цвеќињата во периодот на создавање на пупки.




Но тие ги хранат со рицинусово масло, што ги прави цветовите бујни и да траат подолго. Бојата на цветовите станува интензивна.
Наполнете литарско шише со вода на собна температура и додадете 1 лажица рицинусово масло. Потоа добро затворете го и протресете го.




Рицинусовото масло треба да се „скрши“ на ситни честички и добро да се измеша со водата за да не се изгорат растенијата. Веднаш по тресењето, наводнете ги цвеќињата, внимавајќи да не се одвои маслото од водата.
Ако растението цвета еднаш годишно, тогаш со оваа комбинација го полевате само еднаш годишно! Ако растението постојано цвета, тогаш наводнувајте го еднаш месечно.




Морав веднаш да ја споделам оваа мудрост со вас!


