Немојте ова да го сфатите дури кога ќе остарите – Моќна молитва која може да ви го промени животот …




За да не го трошите животот залудно обидувајќи се да го промените целиот свет, попрво прифатете ја мудрата молитва од приказната на Антони де Мел, индиски свештеник, језуит, психотерапевт и духовен учител.
Суфиската приказна за Бајазид
Суфи Бајазид го рекол ова за себе: „Во мојата младост бев револуционер и целата моја молитва кон Бога беше „Господи, дај ми сила да го променам светот“.




Како што се приближував до средната возраст и сфатив дека половина од мојот живот помина без да сменам ниту една душа, ја променив мојата молитва во:
„Господи, дај ми милост да ги променам сите што доаѓаат во контакт со мене. Само моето семејство и пријателите. и јас ќе бидам задоволен“.




Сега кога остарев и моите денови се избројани, мојата единствена молитва е: „Господи, дај ми милост да се променам“.
Да се молев за тоа од почетокот, немаше за ништо да си го потрошам својот живот.






