Добро е при рака да имате домашен јаболков оцет. Разликата помеѓу индустрискиот и домашниот јаболков оцет е толку голема што воопшто е тешко да се направат споредби.




Главната разлика: домашниот јаболков оцет мириса на јаболка, а кога станува збор за киселоста, многу повеќе личи на кисел сок од јаболко отколку на многу кисел индустриски оцет.
За што е добар јаболковиот оцет?
Јаболковиот оцет има многу предности, а кај нас најчесто се користи за слабеење. Ќе наведеме само неколку од најважните работи поврзани со здравјето. Покрај тоа, одличен е за сите видови чистење низ куќата.
Пациентите со дијабетес тип 2 кои земале две лажици јаболков оцет пред спиење, наутро имале подобрување на нивото на шеќер во крвта, како и намалување на нивото на холестерол и триглицериди, вид штетна маст.




Јаболковиот оцет помага да се намали крвниот притисок и им помага на луѓето кои страдаат од алергии, артритис, хроничен замор, грип, гихт. Се користи во форма на облоги и како средство за триење за проширени вени и ревматски заболувања. Го елиминира чувството на замор, грчеви и болки во мускулите.
Се користи и за козметички цели, како лек против егзема, за почисто лице, поздрава коса, против првут. Се препорачува егземата и погодените области да се намачкаат со јаболков оцет четири пати на ден за да исчезне егземата и да се ублажи чешањето.
За да го отстраните првутот, направете мешавина од еднакви количини вода и оцет, и масирајте во скалпот. Оставете да отстои 15 до 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.




Можете исто така да ги триете забите со јаболков оцет за да ги избелите, или може да измешате лажица оцет и чаша вода и да ги користите како средство за плакнење на устата.
Рецепт за јаболков оцет
Состојки:
- 5 кг органски, непрскани јаболка (без оглед на видот)
- 200 гр шеќер
- вода (доволно за јаболката да пливаат)
Подготовка:
Добро исечкајте ги измиените јаболка, заедно со семките и кората. Додадете шеќер и измешајте. Оставете се да стои три до четири недели. Повремено мешајте и чувајте на температура помеѓу 18 и 25 степени. Кога ќе процените дека е готово, процедете го.


