Романтична, едноставна и магична декорација – еве како сами да си направите новогодишна тегла!




Наместо да купувате скапи свеќници и вештачки аранжмани, направете си магичен украс од материјали кои веќе ги имате дома.
Волшебната новогодишна тегла буквално не ви ги исполнува желбите, но секако ќе ви ја задоволи желбата да имате оригинални украси во вашиот дом за време на празниците. Покрај тоа што е лесно да се направи, можете да ја направите на милион различни начини.




Потребна ви е тегла, свеќа и материјал за украсување. Видеото прикажува украсување со хартија, но вашата магична тегла можете да ја украсите и со платно, панделки, цртежи или едноставно да ја обоите во бела боја и да ставите свеќа во неа.
Одлична идеја е на парче хартија да ги напишете имињата на членовите на семејството, а бидејќи ова е тегла со желби, можете да ги напишете и вашите новогодишни одлуки.




Не заборавајте да додадете малку миризлива сол за капење или зрна кафе за да се шири пријатен мирис низ куќата. Внимавајте кога правите украси да не изгорите или да предизвикате несреќи во домот поради свеќите.
Целиот процес на правење погледнете го во видеото!






