Мекиците се секогаш вистинскиот избор за појадок. Без разлика дали ги јадете со кајмак, сирење, џем или без додаток, мекиците се одличен избор за појадок.




Сега направете ги уште побрзо со овој рецепт. Не се чека тестото да стаса, штом ќе замесите можете да го испржите мекиците. Еве ја процедурата.
Состојки:
- 2 јајца
- 7 лажици кисела павлака
- сол
- 450 гр брашно
- 15 гр прашок за пециво




Подготовка:
Јајцата се матат со киселата павлака и се додава сол. Потоа додадете го брашното со прашокот за пециво и со раце замесете тесто.
Расукајте го тестото со сукало на набрашнета површина. Се сече на подебели ленти, а потоа тие ленти се сечат во триаголници.




Се пржат на загреано масло и се вадат на салфетка за да се исцеди вишокот маснотии. Во видеото подолу оваа постапка е прикажана детално.






