Потрудете се и направете ги овогодинешните украси поелегантни и поубави од кога било.




Не мора да трошите пари на скапи украси за Нова година, туку направете ги најубавите новогодишни аранжмани од работите што веќе ги имате во домот.
Од алуминиумска фолија можете да направите сребрен аранжман кој одлично ќе се вклопи на празнична маса или на полица во вашиот дом!




Потребна ви е поцврста хартија која треба да ја свиткате во форма на чип, а потоа да го завиткате чипот со алуминиумска фолија. Направете три такви украси, и дополнителна декорација со топчиња кои лесно можете да ги направите од фолија.





Од фолијата можете да направите повеќе детали, како на видеото, а доколку ви изгледа монотоно, украсете го аранжманот со мониста, украси за елка или цвеќиња во оваа или пак некоја друга боја по ваш избор.
Целиот процес на правење и украсување погледнете го во видеото подолу!






