За да може машината за перење на најдобар начин да ги пере алиштата секој пат, потребно е да ја исчистите.




Машината за перење е нешто без кое не можеме дома, па затоа е потребно малку време за да добиете совршено чисти алишта. Сепак, се прашувавме дали на самата машина понекогаш и треба чистење.
Чистење на машината за перење
Верувале или не, овој често користен домашен апарат може да се извалка и покрај постојаниот контакт со вода.
Се покажа дека најефикасните средства за чистење на машината за перење не се само прашокот за перење, туку и кујнските детергенти. Експертите за чистење велат дека оцетот и сода бикарбоната се најдобри при чистење на машината.




Кога се користат заедно, мешавината од оцет и сода бикарбона може да биде многу ефикасна против лошите мириси и мувла, што може да се појави.
Како да се исчисти машината за перење со оцет и сода бикарбона?
Постојат неколку начини да користите оцет и сода бикарбона за чистење на вашата машина за перење.
Еден начин е да измешате 2 шолји оцет и 1/4 шолја сода бикарбона и вода, а потоа истурете ја смесата во отворот за прашок или детергент. Потоа започнете го циклусот на перење. Друг начин е да го исчистите барабанот со раствор од оцет и сода бикарбона.






