НЕДЕЛЕН ПАРИЧЕН ХОРОСКОП ОД 28 МАРТ ДО 3 АПРИЛ: Девиците да се чуваат од завидливи луѓе, Водолиите ќе извлечат пари

Дознајте што ви носи неделната парична астролошка прогноза од 28 март до 3 април за вашиот знак

Последната недела од март носи нови финансиски предизвици. Некои ќе бидат во искушение да потрошат повеќе отколку што заработиле, некои ќе сакаат да го прошират својот бизнис, а некои ќе се осмелат да направат чекор напред во својата кариера.

Овен

Преминот на Меркур во Овен позитивно ќе влијае на вашиот успех. Но, исто така, аспектот на Сатурн и Венера носи зависност во финансиските прашања од проценката на другите и од нивните потези. Што и да се случи во наредниот период, Овенот е знак кој ќе може да се прилагоди на сите неочекувани промени.

Бик

Анксиозноста и негативниот став дефинитивно нема да ви донесат среќа, па затоа е важно да го задржите оптимизмот. Благодарение на планетите ќе ви биде лесно да се справите со сите неволји и ќе можете да го искористите своето искуство и знаење. Астролозите ве советуваат да и верувате на вашата интуиција.

Близнаци

Многу Близнаци копнеат за промена, но астролозите советуваат дека ова не е најдобро време за промена на работата. Подобро е сè внимателно да се измери и да се биде крајно внимателен.

Вашата иднина зависи од моменталните одлуки. На крајот на неделата финансиските работи имаат можност да бидат уште поуспешни, но прво фокусирајте се на целите и поставете приоритети.

Рак

Во текот на оваа недела ќе се чувствувате инспирирани и ќе сакате да го промените вашиот живот на подобро. Започнете со финансиите.

Но, треба да знаете дека најнеповолен ден за трансакции ќе биде понеделник поради спојувањето на Сатурн и Венера. Овој аспект ќе предизвика многу сомнежи и илузии, но среќата е сепак на ваша страна.

Лав

Во текот на оваа недела ќе имате стабилна финансиска состојба.Ве следи самодоверба и ентузијазам. Ви се чини дека можете се.

Но, тоа не е причина премногу да се опуштите – време е да промените некои лоши навики кои лесно можат да ве доведат во долгови. Продавајте работи што не ги користите, а тоа ве затрупуваат, средете сметки и направете финансиски план.

Девица

Поради финансиски успех, околу вас брзо може да се појават злонамерни и завидливи луѓе кои би го уништиле вашиот бизнис. Внимавајте.

Ова е добро време за почеток на кариера или нова работа. Верувајте си себеси, а не на она што другите ве советуваат да го правите, особено ако не ги знаете.

Вага

Астролозите ве советуваат оваа недела да се ослободите од старите работи и да ослободите простор за нова енергија. Ѕвездите се на ваша страна, па ќе успеете да ја надминете неизвесноста и сомнежот што ве мачи.

Во текот на оваа недела, не штедете пари, туку вашето време – тоа е скапоцено и единствено. Почнете да гледате на времето како на вашиот највреден ресурс.

Скорпија

Почетокот на неделата ќе биде тежок поради негативниот аспект на Венера и Сатурн, но во вторник ситуацијата ќе се промени на подобро.

Благодарение на тоа, ќе можете да плаќате долгови, сметки, да заштедите пари за во иднина и да ги направите потребните набавки, сето тоа без многу мака. Многу Скорпии ќе успеат да си ја исполнат долгоочекуваната желба.

Стрелец

Ѕвездите предвидуваат зајакнување на социјалните врски за оваа недела, вклучувајќи ги и оние преку кои можете да најдете нови можности во бизнисот.

Генерално, периодот е поволен за промена на работните места, пронаоѓање нови извори на приходи и започнување бизнис.

Јарец

Астролозите ве советуваат помалку да комуницирате со токсични луѓе и да внимавате со парите. Меркур е во добра позиција, но тоа не значи дека треба да живеете на сметка на другите или премногу да се покажувате и да се фалите. Разумната штедливост ви отвора нови можности!

Водолија

На почетокот на неделата прво подмирете ги долговите и плаќајте ги сметките, па дури потоа можете да пазарувате, но само со список за да не бидете во искушение да потрошите повеќе пари отколку што навистина ви треба.

Пред крајот на неделата парите ќе ви снемаат, колку и да се трудите да ги заштедите. Барајте можности да заработите дополнителни пари или да го проширите вашиот бизнис.

Риби

Неделава ќе треба да работите повеќе, но тоа ќе ви донесе повеќе пари. Само погрижете се да преземете премногу обврски – кариерата е важна, но не занемарувајте други работи или сакани. Ако размислувате да ја смените работата, преземете акција веднаш. Не одложувајте многу.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...