Талогот меѓу другото, помага во чистење и отстранување на маснотиите и нечистотијата од кујната и другите површини




Посипете талог од кафе на нечиста површина, а потоа добро истријте ја со четка и лесно и брзо ќе ги отстраните тврдоглавите остатоци од храна.
Талогот од овој црн пијалок совршено ги чисти изгорените тенџериња и ринглите на шпоретот. Само немојте да го користите на лесни гранитни или мермерни плочи, бидејќи неговата боја може да навлезе во порозните површини.




Верувале или не, кафето е и природен омекнувач на месото. Кујнската сол, природните киселини и ензимите од кафето ги прават мускулите на месото помеки, но и го подобруваат вкусот на оваа храна.
Искористеното мелено кафе измешајте го со сувите зачини и нанесете го на месото најмалку два часа пред подготовката.




Талогот од кафе ќе одговара и на вашите растенија бидејќи е богат со азот, но содржи и фосфор, калиум, железо, калциум и магнезиум – што го прави евтино ѓубриво за градината.
За да направите домашно растително ѓубриво, измешајте талог од кафе со други органски материи, како што се исечена трева, кафени лисја, кафеаво ѓубриво или слама.




Растенија кои добро реагираат на талогот од кафе се боровинки, зелка, соја, домати, пченка, рози, камелии, рододендрони и азалии. Но, експертите советуваат да бидете внимателни со младите садници и семиња, бидејќи премногу кофеин може да им наштети.


