Кора од банана како органски додаток може да биде од големо значење за растот и развојот на нашите растенија. Кората на ова растение е богата со калиум, калциум и фосфор.




Калиумот во растенијата (како и кај луѓето) помага во растот и развојот. Фосфорот е одговорен за цветовите на растението, додека калциумот го зајакнува целото растение.
Калиумот од кората од банана го помага растот и развојот на растението, исто како што им помага на луѓето.




Начин на подготовка на ѓубривото
Едната кора исечкајте ја на ситни парчиња и ставете ја во шише или тегла со литар вода. Оставете да отстои три дена на собна температура.




Кога поминувате, протресете ја оваа смеса. По три дена водата ќе стане заматена и темна боја.
Прецедете ги парчињата кора за да ви остане само вода. Наводнувајте ги растенијата со ова ѓубриво еднаш неделно.




Можете исто така да ја ставите кората директно во земјата до вашето растение и да ја оставите да се распаѓа сама со сите нејзини минерали.


