ОД ОВА ЦВЕЌИЊАТА ЌЕ ЦВЕТААТ И ЌЕ СЕ РАЗЛИСТААТ КАКО НИКОГАШ ПОРАНО: Направете ги најдобрите природни ѓубрива од остатоци од храна!

5 рецепти за природни ѓубрива од остатоци од храна – вашите растенија ќе бидат полни со лисја и цветови!

Хранењето на растенијата е неопходно за да имаме богати цветни леи, здрави и лиснати растенија кои се развиваат правилно и го прават нашиот дом вистинска оаза која е во хармонија со природата.

Не треба да трошите пари на хемикалии, да ризикувате и небезбедно да се вклучите во процеси со разни вештачки ѓубрива. Наместо тоа, направете природно ѓубриво за 0 денари, бидејќи сигурно веќе ги имате сите состојки дома.

Сите знаеме за ѓубриво со лушпи од јајца, како и за хранење со кора од банана или талог од кафе, но време е за нови рецепти. Ви донесуваме 5 рецепти за природни ѓубрива од остатоци од храна – вашите цвеќиња ќе ви се заблагодарат:

1. Чај – Кога процедувате билен чај, зачувајте го неговиот талог, односно билките што сте ги подготвиле.

Направете додаток од нив така што ќе прелиете мешавина од 3 лажици талог од чај со литар топла вода и оставете да отстои околу 5 дена. Се процедува и се користи како прихрана.

2. Вода од варени зрна – Кога готвите ориз, хељда или пченица, водата во која сте го зготвиле зрното можете да ја користите како додаток за растенијата.

Таквата вода содржи силициум, железо, магнезиум, фосфор, па ќе ги нахрани корените на вашите растенија со потребните минерали.

3. Прскање со инфузија од кора од портокал – Ова е превенција против грини и инсекти.

Корите од портокал прелијте ги со литар зовриена вода и оставете ги да отстојат околу 4-5 часа, па процедете. Добиената течност истурете ја во шише со распрскувач и испрскајте ги растенијата.

4. Сокот од алое е биостимулатор за раст – Оваа смеса се користи за подобро ‘ртење на семето на растението. Кога ги натопувате семките во вода, додадете неколку капки сок од алое, инкубирајте 8 до 20 часа.

Кога наводнувате растенија во затворен простор, можете да додадете и малку сок од алое во водата. Важно е да се користи алое кое е постаро од 3 години. Можете да го процедите сокот, да го чувате во фрижидер неколку дена и да го користите неколку пати кога ги полевате цвеќињата.

5. Квасец – Го стимулира растот и развојот на растителните клетки, богат е со витамини од Б групата. Измешајте 50 гр квасец со 5 лажички шеќер и 5 литри млака вода.

Добро измешајте и оставете да отстои околу 3 часа. Пред наводнување на растенијата, измешајте ја прихраната со квасец, а потоа наводнувајте ги цвеќињата.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...