Денес, 18 јули 2022 година, Меркур и Плутон влегуваат во опозиција – еве што им носи овој аспект на сите знаци!




Денес, 18 јули, се случува важен астролошки настан и тоа не толку често. Tоа е опозицијата, т.е. конфронтација на планетите, а денес и во следните неколку дена во таква положба ќе се најдат двете најоддалечени планети на Сончевиот систем – Плутон и Меркур.
Следниот период ќе биде хармоничен од повеќе причини, бидејќи освен овој аспект, кој е позитивен, актуелен ќе биде уште еден – преминувањето на Венера во знакот Рак.




Астролозите истакнуваат дека спротивставувањето на Меркур и Плутон совршено ја надополнува моќта на Венера, планетата на љубовта. Како оваа спротивставеност ќе влијае на хороскопските знаци?
Стекнување нови познанства
Суптилната енергетска врска помеѓу овие планети ќе има за цел да не направи посоцијални и отворени. Лесно ќе комуницираме со познати и непознати луѓе, ќе бидеме спонтани и природни, полни со позитивна енергија за дружење.




Одлична комуникација и соработка
Денешниот ден е особено поволен за оние кои работат во тим, бидејќи разбирањето ќе биде на високо ниво. Иако може да вклучи голем тим и сложен работен процес, работата ќе се изврши ефикасно.
Денешниот ден е целиот во знакот на разбирање, па затоа е одлична можност да се обидете да се поврзете со оние со кои сте во некаков конфликт. Побарајте прошка, простете им на другите или прифатете извинување. Бидете искрени, љубезни и прифатете ги со отворено срце оние кои ќе ве сретнат.




Усогласување на внатрешниот свет
Во текот на денешниот ден многумина ќе почувствуваат чудна смиреност, мир, ќе разберат што сакаат од животот. Позицијата на Плутон и Меркур ќе создаде исклучително позитивни услови за секакви духовни практики, за интроспекција и анализа на нашите чувства и желби.
Искористете го овој одличен период за медитација како дополнителна форма на релаксација и комуникација со сопственото битие.






