Освежувач, дезинфекција, декорација… Искористете ја КОРАТА од ЛИМОНOT на најдобар начин

Доколку, како и повеќето луѓе, ја фрлате кората од лимонот откако ќе го исцедите, имајте на ум дека правите голема грешка. Кората од лимон може да се користи на многу начини, но најважно е дека е многу побогата со витамин Ц од цедениот сок од лимон!

На крајот на краиштата, доволно е да се направи споредба помеѓу 100 грама сок и 100 грама кора од лимон – кората има 3 пати повеќе витамин Ц, 1,5 пати повеќе калиум и дури 22 пати повеќе калциум!

Секако, пред да користите кора од лимон, погрижете се лимонот да е од органско потекло и да не се користат пестициди при неговото одгледување.

Декорација на торта
Овој метод го користеа нашите мајки. Изрендајте ја кората и ставете ја како декорација. Изгледа одлично, а има ист вкус.

Отстранување бигор
Истурете вода во садот од кој сакате да го отстраните насобраниот бигор и додадете ја кората. Варете 15 до 20 минути на тивок оган. По готвењето, садовите ќе ви бидат чисти, а целата куќа ќе мириса на лимон.

Освежувач во домот
Кога сме кај мирисите, варете кора од лимон на тивок оган 15 до 30 минути, а по желба можете да додадете неколку капки есенцијално масло или зачини како анасон или цимет во водата. Домот ќе ви мириса фантастично, а варењето можете да го повторувате неколку пати во текот на денот.

Чистење на даската за сечкање
Измешајте една лажичка сода бикарбона со малку вода или сок од лимон, а добиената смеса нанесете ја на даска и добро истријте ја со кора од лимон. На сличен начин можете да исчистите разни дрвени површини.

Спреј за дезинфекција
Истурете 2 чаши дестилирана вода во сад со капак и додадете кора од лимон и десет капки есенцијално масло со антибактериско дејство (лаванда или чајно дрво).

Покријте го садот и оставете го да отстои неколку часа (можеби и преку ноќ), а потоа процедете ја смесата и истурете ја во прскалката. Спрејот можете да го користите за сите работни површини, а спрејот е 100 проценти природен и безбеден и за децата.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...